Светската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Ако на првиот меч со Унгарија имавме шведска арбитража, на дуелот со Холандија ќе имаме дански судии.
Станува збор за Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, додека делегати на ИХФ ќе бидат Рац од Швајцарија и Франко од Шпанија.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 18:00 часот.