Лазаров одбра – еве кои 16 ракометари ќе играат против силната Унгарија

Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија за прв ривал ја има репрезентацијата на Унгарија, а во групната фаза ќе игра уште против Холандија и дебитантот Гвинеја, која е голем аутсајдер во нашата група.

Селекторот Кирил Лазаров го одреди составот за соочувањето со Унгарците, а од комбинација отпаднаа Иван Галевски, Александар Петковски и Валентин Карасманакис.

Унгарија ќе настапи со Роланд Миклер, Герго Фазекаш, Бенце Банхиди, Мате Лекаи…

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.