КУП Ф4 2025: Познато е кои арбитри ќе делат правда на Вардар – Еурофарм Пелистер

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за финалето од машкиот Куп.

Правдата на натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ја делат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегати-контролори на македонското „Ел Класико“ ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.

Македонското „Ел Класико“ ќе се игра вечерва од 17:30 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.