КУП Ф4 2025: Ќе биде вистински спектакл – „Чкембари“ и „Комити“ ќе го окупираат Охрид

Вечерва во Охрид ќе се игра македонското „Ел Класико“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во финалето на Купот на Македонија.

Во СРЦ „Билјанини Извори“ најавено е присуството на навивачките групи на двете екипи – „Чкембари“ и „Комити“.

Салата е распродадена, па се очекува вардарци и пелистерци да играат во препознатлив амбиент.

Натпреварот меѓу двете најдобри македонски екипи е закажан во 17:30 часот, а судии ќе бидат Митревски и Тодоровски.