Куманово бега од опасната зона по триумфот над Бисинов

Куманово е на добар пат во плејаутот да пренесе два бода, бидејќи славеше со 32-25 во директен дуел со тим од долниот дел на табелата, Бисинов од Велес. Домашните ракометари имаа двапати одлични завршни минути, и во првото и второто полувреме кога ја направи разликата која беше клучна за победата.

На зимска пауза Куманово заминува со 8 бода, два повеќе од Струга и Бисинов, и седум повеќе од Радовиш, екипите кои се на последните места на табелата. Според пропозициите последниот испаѓа директно, а претпоследниот ќе игра бараж за опстанок. Седмопласираниот ќе пренесе 3 бода, следните две екипи по два бода во разигрувањето за опстанок.

Во првото полувреме Бисинов на моменти имаше и предност, но во последнит еминути Куманово не само пресврт, туку имаше и залиха од „плус 5“, па на одмор замина со предност 16-11.

Слично беше во вториот дел, кога Бисинов стигна на „минус 2“, а потоа домашните ја подигнаа предноста на 27-21, со што беше јасно кој ќе победи. До крај беше само рутина за Куманово да ја задржи предноста.

До крајот на февруари ќе трае преодниот рок, и ако сака да избегне бараж, Бисинов ќе треба да донесе засилувања, а сигурно и Куманово ќе се засили бидејќи Бразилецот Винициус заминува во Охрид.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД16150130
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16140228
3ВАРДАР 196116140228
4ОХРИД16121325
5БУТЕЛ1680816
6ТИКВЕШ 20141672716
7ПРИЛЕП1662814
8ПРОЛЕТ1654714
9КУМАНОВО1640128
10СТРУГА1630136
11БИСИНОВ Ф. Л.1622126
12РАДОВИШ1601151