Полскиот вицепрвак Келце за наредната сезона ќе има плус двајца домашни репрезентативци во составот.
Талант Душебаев го враќа од позајмица средниот бек Пјотр Једрашчук, кој последните две сезони ги минува во Гвардија Ополе.
Покрај Једрашчук, уште еден полски репрезентативец треба да го носи дресот на Келце од лето, пишува ТВП Спорт.
Тоа е левото крило Пјотр Јарошевич, кој во моментов е член на Азоти Пулави, а игра во одлична форма во полскиот шампионат.
Келце претходно ги потврди трансферите на голманот Адам Моравски и средниот бек Алекс Влах.