Ракометарите на Радовиш без никакви проблеми обезбедија меѓу најдобрите 16 екипи во Купот на Македонија.
Избраниците на Игор Котевски славеа против прволигашот Скопје со 44-19, а на овој натпревар одмор добија најискусните.
Гостите парираа првите десетина минути кога беше 6-5, а потоа Радовиш презема контрола на теренот и до паузата го реши мечот кога беше 25-9.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата. Најдобри стрелци кај домаќинот беа Славе Јанковски со 16 гола и Петар Стојановски со девет.
Кај Скопје, по три гола дадоа Александар Антиќ, Дарко Рангелов и Тео Радуловиќ Кузманов.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ