Вардар славеше против Еурофарм Пелистер со 31-27 во финалето на Купот на Македонија и го освои 17 трофеј во ова натпреварување.
По крајот на натпреварот беа доделени и индивидуалните награди, а две од нив отиоа во рацете на вардарци.
За најкорисен играч на турнирот беше прогласен десниот бек на Вардар, Томислав Јагуриновски, додека за најдобар голман беше избран Мигел Еспиња.
Најдобар стрелец на Ф4 турнирот во Купот на Македонија беше капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски со 11 гола.