Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 14 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има има двајца ракометари од Пролет и по еден ракометар од Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Струга .
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, 14. коло, резултати:
Група А
ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД 23-25 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – СКОПЈЕ 34-24 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – АЕРОДРОМ 34-23 (ИЗВЕШТАЈ)
Група Б
ВАРДАР – ГОЛДЕН АРТ 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – МУЛТИ ЕСЕНС 22-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 33-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Андреј Петковски (Пролет) – Чуварот на мрежата беше меѓу најдобрите поединци имаше 13 одбрани на двобојот против Бутел.
Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец постигна седум гола во триумфот против Прилеп.
Лев бек: Теимураз Орјоникидзе (Охрид) – Грузискиот лев бек беше меѓу најдобрите во рутинската победа над Скопје.
Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Плејмејкерот го водеше неговиот тим до значајна победа вредна плеј-оф.
Десен бек: Мерис Бошњак (Струга) – Црногорецот и на клучниот натпревар против Аеродром одигра на врвно ниво.
Десно крило: Ненад Белистојаноски (Еурофарм Пелистер 2) – Десното крило даде седум гола во победата кај Куманово.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач имаше значајна улога во триумфот против Голден Арт.