Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Прилеп, Тиквеш, Пролет и „сино-белиот“ тим од Автокоманда.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 10. коло, резултати:
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-29 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ОХРИД 29-26 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 40-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – СТРУГА 38-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – БИСИНОВ ФЛ 33-27 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 20-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Мигел Еспиња (Вардар) – Португалецот имаше десет одбрани, можеби не е тоа којзнае колку многу, но имаше значајна улога кога се кршеше резултатот.
Лево крило: Давид Трајкоски (Прилеп) – Младиот прилепчанец се повеќе добива шанса и ја користи на вистински начин.
Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Левиот бек имаше добра партија во дерби триумфот над Охрид.
Среден бек: Франциско Силва (Алкалоид) – Средниот бек постигна осум погодоци во победата против Куманово.
Десен бек: Тарик Бакар (Пролет) – Тунискиот интернационалец го водеше Пролет до победа кај Радовиш.
Десно крило: Јован Даневски (Тиквеш) – Македонскиот младински репрезентативец постигна седум погодоци против Струга и беше меѓу најдобрите.
Пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите поединци во триумфот кај Бутел Скопје.