Големиот гигант Кил, кој се наоѓа во резултатска криза, не размислува за смена на тренерот Филип Јиха.
За потсетување, некогашниот европски шампион пред неколку дена беше елиминиран уште во првата фаза од Купот на Германија, загуби од Вецлар.
Освен елиминацијата во Купот, тимот на Јиха има три последователни порази во домашниот шампионат.
Генералниот директор на Кил, Виктор Шилаги, во изјава за германскиот „Билд“ потврди дека Јиха останува на кормилото на „зебрите“.
,,Ние моментално не размислуваме за нов тренер, продолжуваме со Јиха. Заедно имавме подеми и заедно имавме падови. Што да направам подобро за да можеме повторно да функционираме како колектив? Јасно е дека секој мора да се преиспита за играта”, изјави Шилаги.
Филип Јиха во текот на 2019 година го презеде кормилото на Кил и минатата сезона го продолжи договорот до 2026.
Кил во Бундес лигата по седум одиграни натпревари се наоѓа на 9. позиција со шест бода.