Хрватите со барање до јавноста и медиумите: Немојте да нè нарекувате „каубои“

Машката репрезентација на Хрватска ја одработува последната фаза од подготовките за Европското првенство во Германија.

Во оваа фаза е планиран настапот на „Кроација Куп“ во Пореч, и две средби против Црна Гора и Словенија, а пред нив, хрватската федерација во име на ракометарите и стручниот штаб имаше интересно барање до јавноста и медиумите.

„По бројните наслови и статии во медиумите во кои се споменува прекарот ‘Каубои’ за репрезентацијата, во име на ракометарите, стручниот штаб и сојузот, ве молиме тој прекар да не го користите. Ова барање е поради тоа што актуелните играчи не беа дел од генерацијата во која настана тој прекар“, се вели во соопштението на ХРС.

Хрватска е во група со Шпанија, Австрија и Романија, и заедно со „фуријата“ се фаворити за место во главната рунда на ЕП.