РК ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО

РК ЦЕЛЈЕ ПИВОВАРНА ЛАШКО

Еден од најстарите клубови во Европа, словенечки Целје е формиран во далечната 1947 година во рамките на Спортското друштво Кладивар. Во 1989 година клубот ќе се ребрендира и ќе добие моќен спонзор во името на Пивоварна Лашко. Целје првата титула на домашна сезона освоил во сезона 1991/92 и од тој период започнува да доминира во Словенија. Во својата клупска историја има освоено 21 титула во Купот на Словенија, 25 пати ја освојувал домашна лига и седум пати победувал во домашниот Супер Куп, а во 2004 година го освои и Супер Купот на Европа. Најдобриот клуб од Словенија има титула од Лигата на шампионите. Целје првпат станал европски првак во сезона 2003/04  и шестпати играл во полуфиналето во најквалитетното европско натпреварување.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ ЗА ЕКИПАТА

Сензација во Словенија: Целје загуби од Крка и нема да игра на Ф4 од...

За првпат од историјата на независна Словенија тимот на Целје не обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи, односно на Ф4 турнирот од Купот на...

Горење го „преслуша“ Целје и остана во игра за титулата

Ракометарите на Горење Велење во натпревар од 19. коло во словенечкиот шампионат триумфираа над актуелниот првак Целје со пет гола разлика, 32:27 (17:13). Горење Велење...

Целје без освоен бод ја заврши сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Целје не успеаја со победа да се збогуваат со настапот во Лигата на шампионите, откако на свој терен беа поразени од данскиот...

Целје направи нов кикс и се оддалечи од борбата за одбрана на титулата

Екипата на Целје направи уште еден кикс во словенечкиот шампионат, откако во натпревар од 18. коло загуби од Копер. Избраниците на Алем Тоскиќ беа поразени...

Распад-систем во Целје, Тримо има отворен пат до тронот!

Словенечкиот шампион Целје како да „крена раце“ после поразот од Тримо Требње на домашна сцена, па така тимот кој е предводен од екс ракометарот...

Тримо Требње на Зорман по вторпат го совлада Целје!

Екипата на Тримо Требње, која е предводена од селекторот на машката сениорска репрезентација на Словенија, Урош Зорман, успеа по вторпат да го добие дерби...

Барса одработи рутински против Целје

Ракометарите на Барселона во натпревар од 10. коло од Лигата на шампионите на свој терен беа убедливи против Целје со девет гола разлика, 39:30. Барселона...

Целје се поднови со кружен напаѓач

Словенечкиот шампион Целје, кој од клупата е предводен од екс ракометарот на Вардар, Алем Тоскиќ, до крајот на сезоната ќе биде посилен со уште...

Член на Целје оди на позајмица во некогашниот европски шампион

Словенечкиот шампион Целје, кој не игра според посакуваното ниту на домашна сцена, ниту во Лигата на шампионите, реши да го испрати на позајмица босанскиот...

Данскиот шампион ја доби драмата со Целје

Екипата на ГОГ Гудме во неизвесен дуел го совлада словенечкиот шампион Целје со 38:36 (18:19) и со победа го започна настапот во европската елита. Данскиот...