Репрезентацијата на Грција, која ќе биде дебитант на Европското првенство во Германија, ја одработува последната фаза од подготовките.
Грција денес одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на ОАЕ и триумфираше убедливо со 13 гола разлика, 33:20.
Јужниот сосед пред настапот на континенталниот собир на двапати ќе тестира со нашата репрезентација.
Првата пријателска средба е на програмата на 4 јануари од 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и отворена за јавноста, додека втората е на 5 јануари од затворен тип.
Грција во дебитанскиот настап на Европското првенство ќе има тежок предизвик, бидејќи за ривали ги има Чешка, Португалија и Данска.