Во Лигата на Европа денеска се на програмата првите натпревари од осминафиналето, во кое Македонија има еден претставник.
Филип Талески и неговата Бенфика ќе го пречекаат данскиот ГОГ Гудме од 20:45 часот, а во исто време вториот португалски тим Порто ќе игра против Тулуз.
Меѓусебе ќе играат двата бундеслигаши – Гумерсбах и Мелсунген од 18:45 часот, а во истиот термин швајцарскиот Криенс Луцерн ќе се соочи со францускиот Лимож.
Победниците од оваа фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе играат против Кил, Фленсбург, Бидасоа и Монпелје во чевртфиналето.
Завршниот турнир во ЛЕ ќе се игра во Хамбург на 24 и 25 мај.