Германските претставници во Лига на шампионите и во Лигата на Европа се уште немаат загубено бод или натпревар оваа сезона. Фуксе Берлин, Магдебург, Кил, Фленсбург, Мелсунген и Хановер запишаа 30 натпревари на 30 одиграни натпревари.
Фуксе Берлин досега ги совлада Веспрем, Колстад, Спортинг Лисабон, Келце, Алборг, Нант и Динамо Букурешт.
Магдебург беше подобар од Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Висла Плоцк, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме и Загреб.
Во Лигата на Европа, сите четири германски тима по четири кола го обезбедија местото во ТОП 16.
Кил ги победуваше Монпелје, Островија и Берн два пати, Мелсунген беше подобар од Бенфика, Карлскрона и Ференцварош два пати, Хановер не дозволи изненадување против Фредериција, Татран Прешов и Савехоф на два пати, додека Фленсбург имаше четири лесни победи над Турда (две), Сен Рафаел и Бидасоа Ирун.

























