Репрезентациите на Германија и Швајцарија, кои заедно со Франција се ривали на Македонија на Европското првенство, славеа на последниот одигранан натпревар пред настапот на континенталниот собир.
Германија го доби и вториот пријателски меч со Португалија, овој пат триумфираше со 35:31 (20:15). Германците за разлика од првиот натпревар, на кој славеа максимално со 34:33, денес одиграа поквалитетно.
Претходно Германија на двапати тестираше со репрезентацијата на Египет, ги доби и двата дуели.
Швајцарија веќе покажува дека ќе биде опасен ривал на Европското првенств, вчера убедливо ја доби БиХ, денес, исто така, одигра одлично во натпреварот со Аргнтина и запиша триумф, кој беше изразен со осум гола разлика, 35:27 (16:13).
Исланд пред заминувањето во Германија одлучи двапати да тестира со Австрија. Островската земја ја доби првата контролка против составот на Алеш Пајовиќ, триумфираше со 33:28 (19:14).
Вториот планиран натпревар меѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 8 јануари, со почеток од 18:10 часот.
Ракометарите на Исланд на Европското првенство за ривали ги имаат Унгарија, Србија и Црна Гора, додека Австрија е во група со Шпанија, хрватска и Романија.