Франција игра до крај на ова ЕП, а тоа го докажа и вечерва кога и покрај тоа што веќе беше пласирана во полуфинале ја совлада Унгарија со 35:32. Со тоа Французите ги срушија надежите на Унгарија со евентуална победа да се надева на пораз од Германија вечерва, а со тоа и пласман во големото финале.
Франција-Унгарија 35:32 (20:18)
Унгарија доста мотивирано го започна натпреварот кој за нив беше шанса за продолжување на сонот за пласман во полуфиналето. Одличен старт на мечот имаа ракометарите на Чема Родригез. Брзоногиот Имре казни две грешки на французите, погодија Бахнгиди и Анчин, и веќе по три минути Унгарците водеа со 1-4. Сепак Французите и покрај веќе обезбедениот пласмам во полуфиналето беа дојдени да играат ракомет, па полека почнаа да ја топат предноста на противникот. При негатива од 7:8, триколорите со серија од 3-0 која ја отвори Мем а ја затвори Деска го превземаа водството 9:8, кое константно го зголемуваа во продолжение. Добрата игра на Французите со погодок и највисока предност од 20:14 ја потврди Ремили во 25.минута. И покрај високата негатива Унгарија немаше намера да се предаде. Во последните пет минути од првиот дел ракометарите на Родригез постигнаа четири, а не примија ни еден гол, па со подносливи два негатива заминаа на одмор, 20:18.
Цели четири минути се чекаше на првиот гол во второто полувреме кој беше дело на Лекаи. Веќе во следниот напад погоди Золтан Сита, за израмнување 20:20. Во продолжението Франција повторно заигра на ниво, Фабрегас и Ремили лесно погодуваа донесувајќи солидна предност за својата репрезентација 26:23 во 45.минута. До крајот французите успеаа рутински да ја одржат оваа предност и славеа со резултат 35:32 .
Ремили со седум и Мем со шест гола беа најефикасни во репрезентацијата на Франција, а во Унгарија Банхиди и Роста постигнаа по пет.
Со овој триумф Франција го потврди првото место во групата 1, и пласманот во полуфиналето на ЕП. Унгарија и покрај шансата со евентуална победа да ја продолжи надежта за полуфинале, немаше сили за изненадување против Французите. Со овој пораз Унгарците останаа на 4 бодови, и поради подобриот скор со Унгарија и Исланд ќе бидат дел од натпреварот за петтото место.