Елохим Пранди го пропушта СП 2025!

Левиот бек на ПСЖ и на француската репрезентација, Елохим Пранди, ќе паузира подолго време од ракометните терени.

Тој заработи повреда на дуелот меѓу Франција и Шведска од ЕХФ Евро Купот уште на стартот на мечот и веднаш го напушти теренот.

Се работи за дислокација на шутерското рамо, а неговиот клуб потврди дека ќе паузира „повеќе месеци“.

Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат прецизно, кога Пранди би можел да се врати на теренот.

Тоа значи дека Гијом Жил нема да смета на одличниот бек на СП 2025 година, а Франција е една од селекциите што може да биде ривал на Македонија во главната рунда на Мундијалот, ако нашата селекција обезбеди пласман таму.