ЕХФ ќе бара финансиски гаранции од сите тимови во ЛШ, натпреварите од последното коло во ист термин!

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација донесе неколку важни одлуки што се однесуваат на Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона.

Поучени од искуствата на женските Будуќност и Вајперс Кристијансанд, како и најавените проблеми во Колстад, од ЕХФ ќе им наложат на клубовите што ќе играат во Лигата на шампионите да имаат финансиска гаранција дека ќе можат да ја одиграат целата сезона.

Во Лигата на Европа во посебните квалификации за клубови-шампиони од држави кои немаат директно место во ЛШ и ЛЕ, сега ќе може да се пријавуваат и второпласирани тимови од тие држави, ако шампионите не ја искористиле таа шанса, но сепак ќе може да игра само по еден тим од федерација.

На состанокот на Извршниот Комитет беше решено дека натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите и во Лигата на шампионите од истите групи, ќе мора да се играат во ист термин во еден ден.

Потврдено беше и дека најавата за минималниот капацитет на салите што исполнуваат услови за натпревари од ЛШ, како услов за играње во елитната конкуренција, е одложена на неодредено.