Драмата во Загреб без победник, Фредериција им „покажа заби“ на „светците“

Хрватскиот шампион Загреб не успеа да дојде до 4-ти сезонски триумф во Лигата на шампионите, откако на свој терен одигра реми против Колстад, 25:25.

И покрај ремито, Загреб, исто како и Колстад, останува во игра за пласман во осминафиналето, но потешка задача ќе има клубот од Загреб, бидејќи во последните три кола ќе игра против Алборг и Келце.

Двете екипи имаа свои моменти на натпреварот, домаќините имаа плус два на осум минути пред финишот, но гостите од Норвешка се вратија во игра и имаа шанса да победат, но во последниот напад не успеаја да реализираат.

Еден од најзаслужните за ремито на Загреб беше голманот Анте Грбавац, натпреварот го заврши со десет интервенции, на спротивната страна Торбјорн Бергеруд имаше две повеќе, односно 12.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107

Данскиот вицепрвак Фредериција пружи солиден отпор на домашен терен против ПСЖ, но остана без бодови.

Составот на Раул Гонзалез победи со 38:32 (16:17), а двата бода ги освои откако се разбуди во последните 20 минути.

ПСЖ во победата беше предводен од кружниот напаѓач Камил Шипжак, кој постигна десет погодоци, а го следеше Елохин Пранди со шест.

Во составот на Фредериција неколку ракометари беа расположени за игра, како најефикасни се истакнаа Мартин Бисгард и Рение Табоада, двајцата имаа по шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123