Тимот на Драчево Јуниор полека го комплетира ростерот за пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.
Ново име во Драчево Јуниор е некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Владимир Наумоски.
Охриѓанецот освен во матичниот клуб од „Билјанини Извори“, настапуваше и за тимот на Голден Арт.
Драчево Јуниор претходно се поднови со две имиња – Коста Николовски, лево крило кое последно играше за Металург РА и пивотменот Стефан Лазаревски кој доаѓа од Куманово.
Тимот го напуштија десниот бек Ѓорѓи Дука, средниот бек Стефан Кочаров и кружниот напаѓач Антонио Николовски.
Составот на Велимир Настески заврши на третото место по есенската полусезона и освои 20 бодови, што е четири помалку од лидерот Младост Богданци. Драчево Јуниор го почнува пролетниот дел на 14 февруари на домашен терен со дуел против Аеродром.























