Левото крило на српскиот шампион Војводина, Ахмед Сеса, би можел да се пресели во романскиот Динамо Букурешт, пишува Моцарт Спорт.
По одличните партии на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, порасна интересот за сите египетски репрезентативци, а меѓу нив и Сеса. Тој успеа да постигне 22 гола на седум меча на СП со реализација од 88%.
Стратегот на Динамо Букурешт, Давид Дејвис, добро ги познава квалитетите на Сеса, бидејќи му беше тренер во египетскиот Ал Ахли.
Позицијата лево крило е можеби најслабата во романскиот првак, а таму покриваат Шпанецот Алекс Пасквал и Андреј Негру.
Договорот на Сеса со Војводина истекува на лето и многу веројатно „фараонот“ нема да го продолжи престојот во Нови Сад.