Димитриоски броеше до 13, Прилеп сигурен во Радовиш

Тимот на Прилеп предводен од најдобриот стрелец во суперлигашкото друштво Димитар Димитриоски, славеше на гостувањето кај Радовиш со убедливи 34-25.

Домашните парираа цело прво полувреме, отворија одлично и поведоа со 4-1, па 6-3, а беа во егал се до 29 минута. Тогаш по 12-12, Рајатоски и Димитриоски се погрижија за плус два за прилепчани на паузата.

Второто полувреме мина во комплетна доминација на гостите, Димитриоски ги казнуваше сите домашни грешки со голови од контранапади и на крајот Прилеп запиша убедлив триумф.

Левото крило на прилепчани даде 13 гола, а шест постигна десниот бек Шипинкоски, додека голманот Ангелески имаше 14 интервенции. Во составот на Радовиш, по пет пати реализираа Петров и Трајанов.

Во следното коло прилепчани ќе играат дома со Куманово, а Радовиш оди на гости кај Еурофарм Пелистер 2.