Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде првото дерби во суперлигашкиот плеј-оф меѓу тимот на Лазаров и Вардар.
Минатата сабота во последното коло од регуларниот дел, вардарци славеа во Автокоманда, а дали ќе можат „црвено-црните“ вторпат во седум дена да го повторат истото, останува да видиме околу 20:00 часот.
Момците на Чупиќ имаат жесток ритам со натпревари вторник-сабота и ја продолжуваат битката за осминафинале во Лигата на Европа, а предност за домашните е тоа што одморени ја дочекуваат оваа пресметка.
Вардар влезе во плеј-офот со 42 бода, сега Еурофарм Пелистер се доближи на 40, a доколку „сино-белите“ од Автокоманда слават, ќе имаат 37. Охрид денеска оди на гостување кај Бутел Скопје, ќе биде фаворит за бодови, но домашните сигурно дека нема да се предадат без борба.
Во Супер женската лига денеска се играат два меча меѓу Чаир и Вардар, односно Пелистер и Ѓорче Петров, а на програмата има натпревари и од плеј-аутот од Супер машката лига во Битола каде гостува Пролет и во Радовиш каде доаѓа Прилеп.
Се играат пет средби во Првата машка и една средба во Првата женска лига.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА
13:00 ШАМПИОН – ЈЕХОНА
13:00 ЧАИР – ВАРДАР
14:30 ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
16:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ
17:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД
18:00 АЕРОДРОМ – МУЛТИ ЕСЕНС
18:30 РАДОВИШ – ПРИЛЕП
18:30 ДЕСПИНА – АТЛЕТИК
18:30 АЛКАЛОИД – ВАРДАР
19:00 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
20:00 КИЧЕВО – ОВЧЕ ПОЛЕ


























