ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се спушта завесата на ракометните активности во Македонија

Денес со прволигашкиот натпревар меѓу Преспа Вардар и Шампион ќе завршат ракометните активности на домашна сцена за првиот дел од тековната сезона.

Денешниот дуел, кој ќе биде одигран во Ресен, нема да има никакво резултатско значење за двете екипи.

Преспа Вардар во вториот дел од сезоната ќе продолжи да се натпреварува во плеј-аутот, додека Шампион ќе игра во плеј-офот.

Натпреварот меѓу Преспа Вардар и Шампион ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски”.

Освен во Македонија денес ќе се игра уште во Русија, односно во рускиот шампионат во женска конкуренција.

Лидерот на табелата, тимот на Ростов Дон, ќе му гостува на просечниот АГУ Адиф и сосема е јасно кој ќе ги освои бодовите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 АГУ АДИФ – РОСТОВ ДОН (РУУСИЈА)

17:00 ПРЕСПА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)