ДЕНЕСКА НА СП: Унгарија е прв мундијалски предизвик за Македонија

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 29-то Светско првенство. Домаќините на големото натпреварување се три земји – Данска, Хрватска и Норвешка.

Македонија за прв ривал ја има репрезентацијата на Унгарија, а во групната фаза ќе игра уште против Холандија и дебитантот Гвинеја, која е голем аутсајдер во нашата група.

Избраниците на Кирил Лазаров за денешниот натпревар ветија голема борба на теренот. Репрезентацијата на Унгарија, барем на хартија, е фаворит против Македонија, но тоа не значи дека „црвено-жолтите“ ќе излезат со бело знаме.

На денешниот натпревар се очекува Македонија да има голема поддршка во „Вараждин Арена“ и според најавите би требало да присуствуваат околу 1.000 до 1.500 наши навивачи, дел од нив ќе бидат и нашинци од Хрватска и околните земји.

На денешната програма на Мундијалот ќе има уште седум натпревари. Холандија на стартот ќе игра со Гвинеја, Хрватите со Бахреин, Полска за ривал ја има Германија, Швајцарија ќе посакува победа над Чешка…

Распоред на натпревари:
18:00 Чешка – Швајцарија
18:00 Египет – Аргентина
18:00 Холандија – Гвинеја
18:00 Португалија – САД
20:30 Хрватска – Бахреин
20:30 Унгарија – Македонија
20:30 Норвешка – Бразил
20:30 Германија – Полска