Ракометарките на Чаир во натпревар од 16. коло во Женската лига пред својата публика лесно се справија со Стружанка и триумфираа со 36:26 (20:10).
Чаир со денешната победа го задржа второто место на табелата, сега на свое конто има 43 бодови, додека актуелниот лидер Ѓорче Петров 46.
Избраничките на Басри Љатифи натпреварот го решија уште во првите петнаесетина минути кога поведоа со 14:2.
Одбраната на Чаир во првиот дел беше толку добра што гостинките одвреме-навреме го гледаа голот на домаќинките.
Најефикасни во победничката екипа беа Бојана Диневска со девет и Ангела Костовиќ со осум погодоци. Во таборот на Стружанка прв стрелец беше Теодора Маркоска, која зад своето име имаше седум реализации.
Тимот на Чаир во следното, 4. коло за ривал го има тимот на Металург Автокоманда, кој во претходното коло ремизираше со Ѓорче Петров.
Стружанка следниот викенд пред својата публика ќе се соочи со екипата на Скопје.