ПАРИЗ 2024: Ангола ја расплака Шпанија, „фуријата“ се подалеку од четвртфинале
По поразот од Бразил, женската репрезентација на Шпанија загуби и вторпат на Олимписките игри во Париз, овојпат од Ангола со 26-21.
„Фуријата“ иако редеше победи на пријателските натпревари, сепак игра непрепознатливо на ОИ и сега...
Четврто ново име во Ѓорче Петров, доаѓа ол-раунд бек од Хрватска!
Македонскиот шампион Ѓорче Петров продолжува да го засилува ростерот пред претстојните предизвици на домашна и на меѓународна сцена. „Лавиците“ го добија четвртото засилување во името на хрватската ракометарка Петра Јершек.
23-годишната Јершек игра најчесто на...
Даскалоски две сезони ќе го брани голот на Пролет
Искусниот чувар на мрежата Златко Даскалоски е второто летно засилување пред стартот на новата сезона за тимот на Пролет. Како што неодамна најави 24Ракомет, Даскалоски се договори со раководството на Пролет и кариерата ќе...
ПАРИЗ 2024: Норвешка покажа кој е кој – ја демолира Данска!
По слабото издание на првиот меч против Шведска, Норвешка покажа кој е кој во женскиот ракомет и ја демолира Данска, 27-18.
Победникот беше решен по првите десетина минути, кога норвешките репрезентативки поведоа со 7-1, а...
Србите ќе менуваат селектор по шест месеци – на жешката клупа седнува Момир Илиќ!
По заминувањето од функцијата на претседателката на РСС, Милена Делиќ, веќе започнаа шпекулации дека ќе има промена и на селекторското место кај мажите.
Според пишувањата на „Журнал“, Борис Ројевиќ, ќе биде заменет од Момир Илиќ,...
ПАРИЗ 2024: Бундсен ги запре Германките, Шведска има два од два!
По изненадувачкиот триумф над Норвешка во првото коло, селекцијата на Шведска славеше уште еден, овојпат над Германија со 31-28.
Се играше израмнето до 4-4, а потоа Швеѓанките си го фатија редот. Поведоа со 7-4, а...
Ристовска со победничко деби за Рапид Букурешт
Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше победничко деби за новиот клуб Рапид Букурешт.
Рапид славеше против градскиот ривал Стинта Букурешт со убедливи 43-28, а македонското десно крило беше меѓу најдобрите стрелци.
Ристовска успеа да постигне осум погодоци...
ПАРИЗ 2024: Французите едногласни – нема да лажеме, боли поразот од Данска!
Франција претрпе убедлив пораз од Данска на отворање на Олимписките игри, иако очекувањата на јавноста беа поинакви.
Француските репрезентативци и селекторот се разочарани и сигурно не им беше сеедно по таквата шлаканица.
„Нема да лажам, овој...
Степанчиќ оди на печалба во Кувајт!
Некогаш најголемиот талент на хрватскиот ракомет, Лука Степанчиќ, ќе ја напушти Европа и ќе оди да игра во Кувајт.
Тој потпиша договор на една сезона со клубот Ал Араби и ќе се обиде да заработи...
ПАРИЗ 2024: Словенките испишаа историја – падна Кореја, се слави прва олимписка победа!
Женската репрезентација на Словенија испиша историја. Триумфот над Кореја со 30-23 е првиот на Олимписките игри во деби настапот.
Корејките отворија со 3-1, но Словенија се врати во егал набрзина, а потоа и поведе со...






















