Босна ќе биде ослабена: Буриќ неизвесен за дуелите со Холандија и Грузија

Селекторот на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, се соочува со големи проблеми пред дуелите со Холандија и Грузија во рамки од групната фаза на Европското првенство во Германија.

Еден од најдобрите поединци во репрезентацијата на БиХ, кружниот напаѓач Сењамин Буриќ, би можел да ги пропушти двата натпревари.

,,Ја обнови повредата која го мачи веќе неколку месеци, во клубот не тренираше околу еден месец. Веднаш при првиот напад ја обнови таа повреда и прашање е дали ќе настапи во останатиот дел од натпреварувањето”, изјави Смајлагиќ.

Репрезентацијата на БиХ во првото коло очекувано беше поразена од Шведска со 29:20.

БиХ утре го игра дуелот со Холандија, додека во последното коло ќе се соочи со дебитантот Грузија.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на ЕП.