Борзаш: Со помош на навивачите можеме да му парираме на Кил

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во среда пред домашната публика ќе го пречека германскиот шампион Кил во рамки од третото коло од Лигата на шампионите.

Пелистерци во претходните две кола, против Колстад и Алборг, беа убедливо поразени, па во дуелот со бундеслигашот ќе се обидат да го поправат впечатокот и на своите навивачи да им понудат квалитетен и неизвесен натпревар.

Српскиот репрезентативецот, левиот бек Урош Борзаш, ги сподели своите очекувањата за дуелот со Кил.

24-годишниот ракометар се надева дека со неговите соиграчи ќе бидат рамноправни против некогашниот европски шампион.

,,Кил е секогаш Кил, но не треба да влеземе во натпреварот со преголемо почитување. Тие се светска екипа и освојуваа многу титули и треба да се бориме до крај и да се обидеме да извлечеме добар резултат, ако тоа е возможно. Пред домашната публика, која е меѓу најдобрите во светот, можеме да парираме и да се бориме до крајот. Кил игра на многу контри и полуконтри, но ќе се обидеме да ги лимитираме и да возвратиме. Веруваме дека можеме да се наметнеме. Кил има промени за разлика од ростерот минатата сезона, ќе се погрижиме да уживаме и да одиграме најдобро што можеме”, изјави Борзаш.

Дуелот меѓи Еурофарм Пелистер и Кил ќе се одигра утре со почеток од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Кузманоски: Се надевам на добра и борбена игра против Кил

 

Дувњак: Нѐ очекува пекол во Битола

Јовиќ: Имаме нова екипа, потребно ни е време, но ќе ги исполниме целите за оваа сезона