Боризовска и ПАОК го освоија трофејот во грчкиот Супер Куп

Тимот на ПАОК Солун каде што игра македонската интернационалка Александра Боризовска, го освои трофејот во Супер Купот.

ПАОК Солун беше подобар од тимот на Јонијас, кој е предводен од Александар Зарков, со 19-17 во натпреварот одигран во Кожани.

Боризовска беше меѓу најдобрите поединци во победничкиот тим и успеа да постигне три погодоци на овој дуел.

ПАОК по ЕХФ неделата ќе ја започне одбраната на титулата во грчкиот шампионат, а оваа сезона исто така е најголем фаворит.