БОМБА: Серафимов ЗАМИНА од Автокоманда

Мартин Серафимов дефинитивно го затвори поглавјето со клубот од Автокоманда, откако денеска ја добил исписницата и веднаш стана слободен играч, дознава „24ракомет“ од извори од клубот на „сино-белите“.

Причината за ненадејното заминување, според ракометните кулоари, е нетрпението кое постоело на релацијата со управата и стручниот штаб, а поврзано со неиграњето на последните натпревари што клубот од Автокоманда ги загуби. Со тоа, веројатно, и излезе од трката за титулата.

Актуелниот македонски репрезентативец веќе може да ја разгледува следната дестинација во кариерата, но според правилата, до крајот на сезоната нема право да настапува за друг клуб од Македонија. Тоа значи дека, иако интересот за неговите услуги е сериозен и конкретен, Серафимов во наредниот период ќе мора да бара решение надвор од домашното првенство или, пак, да тренира со нова средина без право на настап на македонската сцена до лето.

Серафимов веднаш треба да најде нова средина во која ќе ја одржува формата, што уште повеќе го забрзува процесот околу неговиот следен чекор.

Интерес за леворакиот десен бек има од трите најсилни македонски клубови – Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.