Шпанскиот стратег Раул Алонсо не е повеќе тренер на бундеслигашот Лајпциг, пишува германскиот „Билд“.
Според германскиот медиум, замена за некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер ќе биде Франк Карстенс, кој го води Лос Анџелес од САД.
Алонсо немаше успех на десет меча во новата сезона и запиша дури осум порази, а само две реми средби.
Иако Алонсо уверуваше дека работите ќе тргнат на подобро, сепак раководството се реши за отказ, иако ќе треба да му плати голема оштета.
Новиот тренер Карстенс би требало да го води тимот на саботниот натпревар од Бундес лигата против Гумерсбах.

























