Еурофарм Пелистер го загуби финалето во Купот на Македонија од големиот ривал Вардар со 31-27.
Тренерот на битолчани, Раул Алонсо, е разочаран по поразот и ја лоцираше причината, но вели дека мора да се фокусираат на следниот меч.
„Честитки за Вардар за заслужениот триумф. Разочарани сме, сакавме да покажеме поинакво лице. Не можам да кажам дека моите играчи не се бореа, но мислам дека ја вложивме енергијата во погрешно место. Влеговме во мечот лошо, потоа бркавме негатива, но никогаш не се вративме. Вардар има искусни ракометари, знаеше како да го контролира дуелот. Останавме без некои ракометари поради повреди. Знам дека не е лесно, но мора да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на лигата. Имаме уште два тешки меча и ќе видиме што ќе биде по овој меч и повредите кои ни се случија“, изјави Алонсо.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето кај „сино-белите“ во Автокоманда.