Аеродром со втор суперлигашки триумф – го доби градскиот двобој со Скопје!

Тимот на Аеродром ја забележа втората победа во новата сезона од суперлигашката конкуренција, откако славеше на гости кај градскиот ривал Скопје со 36-33. Избраниците на Дарко Петровски иако губеа со три гола во вториот дел, направија пресврт и ги казнија сите грешки на домашните за голема победа и нови три бода во деби сезоната во елитното друштво.

Гостите диктираа темпо во првите петнаесетина минути, водеа со 7-5, но попуштија малку и Скопје тоа го искористи за да направи серија од пет гола и пресврт, 10-7. Домашните водеа и со четири гола, 12-8, но тоа не беше доволно за мирно продолжение.

Аеродромци се вратија во егал, 15-15, но на пауза Скопје беше тимот кој замина со предност. Митиќ и Јакимовски стрелаа за 18-15, но гостите успеаја да ја намалат негативата до одморот, 18-17.

Во неколку наврати избраниците на Оливер Димитриоски водеа со по три гола, 23-20, 26-23, но Аеродром беше упорен во намерата да се избори за камбек. Мелоски и Пајкоски се изборија за реми, 26-26, потоа погоди и Митревски и на десет миунути до крајот беше 26-26.

Кизиќ одбрани и пенал, а Костов беше прецизен на другата страна два пати по ред и Аеродром стигна и до плус три кога остануваа уште пет минути за игра, 32-29. Скопјани немаа ниту сили, а ниту време да се вратат во игра, па Аеродром ги славеше новите три бода во суперлигашката конкуренција.

Наум Костов постигна 12 гола за Аеродром, од кои десет од пенал, додека Марио Мишевски и Леонид Киселовски искомбинираа 20 погодоци за домашниот тим, кои на крајот беа премалку.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224
8ПРОЛЕТ22651123
ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126