ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Стоилов избра – Бутел со сите сили, Горица без најдобриот играч!

Ракометарите на Бутел Скопје денеска го играат првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против хрватската Горица.

Стратегот Стојанче Стоилов ги избра 16 ракометари што ќе настапат против хрватската екипа, а надвор од комбинација останаа голманот Трсунов, крилата Аврамовски и Симоновски, бековите Аксентиев, Ѓорѓески и Симовски, но и повредениот Спасовски…

Тренерот на Горица, Матеј Мишковиќ, ќе смета на тројцата голмани – Сориќ, Матошевиќ и Турчиќ, а ќе изостанат левите Бакула, Барешиќ, Баришиќ и Ковачевиќ, но и најдобриот ракометар клубот – левото крило Давор Чавар, кој долги години го носеше дресот на Загреб.

Натпреварот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица.