Десното крило на Вардар, Вукашин Воркапиќ, се најде во идеалниот тим на четвртото коло од Лигата на шампионите, откако имаше одличен настап на гостувањето кај Висла Плоцк.
Српскиот репрезентативец постигна осум гола од исто толку обиди и беше еден од најзаслужните што „црвено-црните“ до самиот крај останаа во игра за позитивен резултат, иако на крајот Вардар претрпе минимален пораз од 33-32.
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше Јака Малус со девет погодоци, но одличната реализација на Воркапиќ не помина незабележано од медиа тимот на ЕХФ, кој го вклучи во изборот на најдобрите за ова коло.
Покрај вардаровото десно крило, во идеалниот тим се најдоа и голманот Апелгрен, левото крило Фрајхофер, како и бековите Цендер, Анжиќ, Милер, пивотот Шипжак Сипжак и дефанзивецот Милитару.
За Вардар останува жал за пропуштената можност да освои бодови во Полска, но индивидуалното признание за Воркапиќ е позитивен момент за скопскиот состав.
View this post on Instagram
























