Браќата Илиевски на нова европска задача

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија делегирање и ќе ја делат правдата на натпревар во Полска.

Станува збор за првата пресметка меѓу полската Островија и турскиот состав Истанбул Генчлик што ќе се игра утре.

Мечот на кој делегат ќе биде Хашани од Косово, ќе стартува од 18:00 часот во „Арена Остров“ во Остров Виелкополски.