Комбинираната женска селекција на Македонија со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто.
Избраничките на Даниела Новеска беа совладани од селекцијата на Косово со 22-17, откако на паузата беше 7-5 за ривалот.
Ања Лашкоска беше најдобар стрелец во македонската репрезентација и успеа да постигне пет гола во противничката мрежа.
Македонија, која во ростерот имаше кадетки и младинки, го заврши настапот во Таранто со една победа и пет порази.























