Египет освои злато на Медитеранските игри!

Машката ракометна репрезентација на Египет го освои златниот медал на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако оствари максимален учинок од пет победи на пет натпревари.

За Египет ова е втора титула на Медитеранските игри, 13 години по првото злато освоено во 2013 година.

Во финалето Египќаните ја совладаа Грција со 31:29, иако грчката репрезентација имаше предност од два гола, 11:9, по 18 минути игра. На полувремето резултатот беше израмнет на 17:17, а Египет во вториот дел ја презема контролата на теренот.

Најзаслужни за триумфот беа Омар Хасан, кој постигна девет гола, и Мошен Рамадан со осум погодоци. Голманот Јусеф Салама имаше десет одбрани и 37% успешност. За Грција ова беше прв медал во историјата на Медитеранските игри.

Бронзениот медал го освои Алжир, кој во мечот за третото место ја совлада Португалија со 36:33. На турнирот учествуваа осум репрезентации – пет од Европа и три од Африка.