DENIS

Рух Калиш и посака добредојде на Јована Кипријановска

Македонската репрезентативка Јована Кипријановска ќе има нов клуб во пролетниот дел од сезоната.

Откако си замина од унгарскиот Сомбатељ, Кипријановска потпиша договор со полскиот тим Рух Калиш.

„Среќна сум што ќе бидам дел од Рух Калиш. Од првиот дел чувствувам поддршка и позитивна енергија во клубот. Верувам дека имаме голем потенцијал и дека заедно може да победиме на многу натпревари. Калиш е местото каде што сакам да се развивам, да ги искористам можностите и да му помогнам на тимот во остварувањето на целите“, изјави Кипријановска.

Кипријановска потекнува од Куманово, во Франција играше за Самбр Авенуа, а летово се пресели во Сомбатељ.

Сепак унгарската авантура не траеше долго и македонската репрезентативка ќе влезе со нов предизвик во новата година.

Кипријановска со нов предизвик во новата година – се сели во Полска!