ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Барса и Веспрем во битка за светска титула

Денеска во центарот на вниманието ќе биде финалето на Светското клупско првенство во Каиро меѓу Барса и Веспрем.

Унгарскиот гигант е бранителот на титулата од минатата година, откако претходно Магдебург три пати по ред беше најдобар.

Барса е најтрофејниот клуб во ова натпреварување со пет титули – 2013, 2014 и потоа трипати по ред во 2017, 2018 и 2019.

Во натпреварот за бронза ќе се сретнат бундеслигашот Магдебург и египетскиот Ал Ахли предводен од Давид Дејвис.

Претходно ќе бидат одиграни и две средби од разигрувањето за пламан.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:30 КАЛИФОРНИЈА ИГЛС – ТАУБАТЕ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
13:45 ЗАМАЛЕК – ШАРЖА (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
16:15 МАГДЕБУРГ – АЛ АХЛИ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
19:00 ВЕСПРЕМ – БАРСЕЛОНА (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)