ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар гостува во Чаир

Денеска стартува второто коло од Супер женската лига со натпреварот меѓу екипите на Чаир и Вардар.

Ова е второ тешко гостување за вардарки по ред, откако и во првата рунда избраничките на Анжела Платон гостуваваа кај Металург Автокоманда.

Чаирчанки се фаворитки на овој натпревар и ќе се обидат да продолжат со победите во Супер женската лига.

Покрај натпреварот во Македонија, денеска на европските терени ќе има натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, а свои настапи треба да имаат и македонските голмани Мартин Томовски и Андреј Петковски.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:00 ЧАИР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 СПОР ТОТО – САСАРИ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 ЛИБЕК – БИТИГХАЈМ (ГЕРМАНИЈА)
18:00 ВИБЖЕЖЕ ГДАЊСК – АЗОТИ ПУЛАВИ (ПОЛСКА)