Веспрем најдобар на турнирот во Добој

Финалето на традиционалниот турнир во Добој помина во вистинска ракометна атмосфера и пред полни трибини. Унгарскиот гигант Веспрем славеше над Гумерсбах со 27-25 и го освои трофејот.

Почетокот беше тежок за унгарскиот тим – со неколку грешки во нападот и одлични интервенции на противничкиот голман, Германците ја диктираа играта и поведоа со 5–3 во 10. минута. По тајм-аутот на Пасквал, Веспрем возврати со серија од четири гола и го презема водството. На паузата, резултатот беше минимални 13-12 за унгарскиот тим.

Вториот дел продолжи израмнето – гол за гол до резултат 19–19. Клучниот момент се случи во 53. минута кога по исклучувањето на Хешам, Веспрем остана со два играчи помалку и Гумерсбах поведе. Но токму тогаш Веспрем ја покажа својата сила – со цврста одбрана и ефикасни напади повторно направи пресврт.

Две минути пред крајот, при резултат 26-24, германскиот тренер побара тајм-аут, но Веспрем рутински го доврши мечот и славеше со конечни 27-25.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Адел и Зеин со по пет гола, а Мартиновиќ даде четири погодоци.