Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на третото коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на третото коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Чаир, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 13:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 3. коло, резултати:
Вардар – Ѓорче Петров 20:36
Куманово – Металург Автокоманда 18:22
Астибо – Чаир 24:39
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило на натпреварот против Астибо одигра речиси без грешка, беше најефикасна во својот тим со осум погодоци.
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Хрватската интернационалка во дербито со Вардар беше меѓу најдобрите на теренот, имаше девет успешни реализации во мрежата на „црвено-црните“.
Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Големата надеж на македонскиот ракомет со пет погодоци го предводеше својот тим до победа на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа.