Струга се поднови со странски голман

Една од екипите во нашата Супер лига која се наоѓа на долниот дел на табелата е Струга, која за преостанатиот дел од сезоната реши да си засили на голманската позиција.

Во Струга пристигна еден од најталентираните голмани на Балканот, Огњен Остиќ, кој за тимот на Наум Танески веќе дебитираше во претходното коло, на гости во Скопје кај Пролет.

Остиќ својата кариера ја започна во Борац Бања Лука, а интернационалната кариера во Словенија, поточно во тимот на Словењ Градец.

На интернационално ниво беше дел и од хрватскиот Ровињ, а македонскиот суперлигаш ќе биде третото интернационално искуство за 20-годишниот голман.

Струга до крајот од регуларниот дел од сезоната ќе се потруди да ја подобри играта и да остави подобар впечаток.

Избраниците на Наум Танески на 14 одиграни натпревари забележаа само две победи и со четири бода се претпоследно пласирани.