Кој против кого во Купот на Македонија за место на Ф4

Денеска во Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за групната фаза на Купот на Македонија во женска конкуренција.

Сите 15 екипи што играат во Женската лига ќе бидат дел од групната фаза и се формираа четири групи, од кои три со по четири екипи и една со три.

Бранител на трофејот во Купот е Ѓорче Петров, кој ќе игра во групата В против Деспина, а доколку слави ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Скопје и Гевгелија за место на завршниот турнир.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат претстојниот викенд, а победниците ќе се пласираат на Ф4 турнирот во 2025 година.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион
Металург Автокоманда – Стружанка

група Б
Астибо – Куманово
Чаир – Ѓорче Петров 2

група В
Скопје – Гевгелија
Ѓорче Петров – Деспина

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ