Што и треба на Македонија за четвртфинале на СП?

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство во Скопје одигра реми против Португалија 28:28 во рамки од првото коло од главната фаза.

Иако Македонија освои само бод, сепак, останува во игра за пласман меѓу најдобрите осум репрезентации во светот.

За освојување на второто место во групата, најнапред треба да се подредат коцките, па најпрво Португалија да загуби што поубедливо во дуелот со Исланд.

Овој натпревар се игра утре со почеток од 18:00 часот, а од 20:15 часот Македонија ќе се соочи со Црна Гора.

Доколку се оди според планот, избраничките на Дарко Јанев за второ место во својата група, односно за пласман во ТОП 8, ќе треба да триумфираат над црногорската селекција со потребната гол разлика. Португалиja e на +3, а Македониja на -12.

Македонија пропушти голема шанса – освои само бод против Португалија

 

Чурлиновска со „сто раце“ – блескаше против Португалија и стана МВП