Македонија во рамки од првото коло од главната фаза на Светското младинско првенство во Скопје ремизираше против Португалија 28:28, иако имаше големи шанси да ги освои двата бодови.
Селекторот на Македонија, Дарко Јанев го анализираше денешниот одигран натпревар и истакна дека е задоволен од прикажаното на неговите избранички.
,,Задоволен сум од прикажаното, девојките треба да веруваат дека можат да се натпреваруваат против секого. Мора да ја подигнат својата самодоверба и да ја користата позитивно. Ја имавме победата во наши раце, но неколку грешки на крајот од мечот доведоа до овој резултат. Сепак, браво за борбеноста, таков е спортот – треба да играте цели 60 минути. Можеби на овој натпревар се покажа недостигот на нашето неискуство. Немаме голема ротација и тешко е да се одржи такво темпо во текот на целиот натпревар. Како што се ближеше натпреварот кон крајот, немавме енергија да го постигнеме тој решавачки гол, со кој ќе бевме на чекор до четвртфиналето. Сепак, ова е знак дека тимот има потенцијал и треба да се цени“, изјави Јанев.
Утре Македонија против Црна Гора ќе го одигра последниот натпревар од главната фаза на младинскиот Мундијал.
Македонија пропушти голема шанса – освои само бод против Португалија
Чурлиновска со „сто раце“ – блескаше против Португалија и стана МВП